Солено срце погача
Состојки
- 2 јајца
- 1/2 лажиче сол
- 125мл јогурт
- 60мл кисела вода
- 50мл масло
- 1 лажиче пециво
- 1/4 лажиче сода бикарбона
- 1 страк сецкан праз
- малку масло и сол
- 1/2 чаша интегрално пченично брашно
- 1 чаша бело брашно
- 120гр урда или сирење
- 1 лажиче лен
- 1 лажиче потпечен сусам
Подготовка
Брз појадок.
Прво сецканиот праз на малку масло се запржува 4-5 минути.
Се посолува.
Сега во вангличка се матат јајцата со солта.
Се исклучува миксерот, па се додаваат постепено течните состојки со постојано промешување со шпатула.
Се додава празот, двата вида на брашно, пецивото, содата, урдата, сусамот, ленот.
Се промешува и смесата се истура во калап срце и се печи 25 минути на 190 степени.
Нека се излади, па се декорира по желба.
Се сервира со чаша јогурт.
Користена е чаша од 240 мл.