Испечати

Чупавци

Чупавци

Состојки

  • За кекс
  • 5 јајца
  • 21 лажица шеќер
  • 1 ванила
  • 2 мали каф. финџалчиња масло
  • 2 мали каф. финџалчиња млако млеко
  • 21 лажица просеано брашно
  • 1 пециво
  • *финџалчето е од 75мл.
  • За глазура или прелив
  • 3 каф. финџали млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 2 лажици какао
  • 200гр. чоколадо за готвење
  • 125гр. маргарин
  • по желба и вкус румче
  • *финџалот е од 200мл.
  • За валкање
  • по потреба-околу 200гр. кокос

Подготовка

Кексот се подготвува стандардно.
Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, се додава маслото, млекото и на крај брашното со пецивото.
Се излева во намрсен и побрашнет тркалезен калап со пречник од 34цм., а можи и правоаголен.
Се печи околу 30 мин. на 180 степени во претходно загреана рерна.
Се остава да излади и се сечи на коцки. Моите беа 4,5цм. на 4,5 цм..

Преливот се спрема на тој начин што се вари какаото-се става шеќерот, какаото и млекото и се зоврива. Се додава маргаринот и чоколадото и се меша додека целосно се стопат на намален оган - умерен. Се додава рум.
Се остава малку да здивни-олади и со помош на вилушки се потопуваат коцките.

Потоа се валкаат во кокос.
На здравје!