Испечати

Сос - додаток за месо и тестенини

Сос - додаток за месо и тестенини

Состојки

  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 200 гр праз
  • 300 гр свежи печурки
  • 2 моркови
  • 50 гр ореви
  • 100 гр кашкавал
  • 3 лажици павлака
  • 100 мл јогурт
  • по потреба маслиново масло
  • Зачини
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка куркума
  • 1/2 лажичка босилек
  • 1/2 лажичка оригано
  • прстофат мелен бибер

Подготовка

1. Во тава се пржат ситно сецканиот кромид и лук.

2. Откако ќе омекнат се додава сецканиот праз и се пржи кратко.

3. Потоа во тавата се додаваат свежите печурки (исечени на ситни коцки) и ренданите моркови заедно со зачините.

4. Откако печурките ќе омекнат се додаваат павлаката, јогуртот и сецканите ореви. Се меша се заедно додека состојките не се соединат а потоа тавата се трга од оган.

5. На крај се додава ренданиот кашкавал и уште еднаш убаво се промешува додека не се растопи и соедини со сосот.

* Сосот го подготвив како додаток за пилешко месо и се доби една многу убава комбинација на вкусови. Истиот сос може да се комбинира и со други видови месо како и со тестенини.