Испечати

Сувлаки

Сувлаки

Состојки

  • околу 1кг свинско месо (каре)
  • За маринада
  • 2 средни лимони
  • 2 лажички оригано
  • 1 лажиче сув рузмарин
  • 1 лажиче мајчина душичка
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче бибер
  • 10 лажици маслиново масло
  • 10 стапчиња за раженчиња

Подготовка

Сувлаки е јадење од Грчката кујна што се прави од свинско, пилешко или јагнешко месо исечено на коцки. Се маринира во типични грчки зачини и се печи на раженчиња на скара. Се служат со ѕаѕики сос, грчка салата, помфрит, пита леб и др.

Месото се сечи на коцки од околу 1,5 -2 цм и се става во чинија. Се додаваат сите зачини, маслиновото масло и исцеден сок од лимонот. По желба може да се додаде и црвен пипер, лук или парчиња кромид.
Се меша и се остава околу 2-3 часа.
Потоа коцките месо се боцкаат на раженчиња по 4 или 5 парчиња, зависи од големината.
Се печат на скара или грил тава со малку масло од двете страни на умерен оган.
Послужете ги топли со ѕаѕики сос и салата или пржени компири.