Преубава чоколадна пита во форма на срце
Состојки
- тесто
- 1 чаша брашно
- 1/2 чаша шеќер
- 1/2 чаша просеано квалитетно какао
- 100гр путер
- 2лажици ладна вода
- карамел
- 340мл кондензирано млеко
- 2 лажици кафен шеќер
- 40гр путер
- ганаш крем
- 200гр црно чоколадо
- 180мл слатка павлака
- 100гр крупно сецкани потпечени лешници
Подготовка
За тестото се ставаат сите состојки во вангличка и се меси со рака да се соединат. Се остава во фрижидер 30 минути. Потоа од тестото се сучи танка кора, со дебелина од 3-4 мм, се поставува во калап срце, ( или округла тава бр 24)се боцка со вилушка и се печи 10 минути на 180 степени. Од остатокот од тестото се печат мали срциња. Врз испеченото тесто се расфрлаат 50 гр крупно сецкани лешници. Сега се спрема карамелот. Во касерола се ставаат кондензираното млеко, шеќерот, путерот. Нека зоврие и се намалува да врие на тивок оган околу 15 минути. Ќе почне да се згуснува. Топлиот карамел се истура врз дробените лешници. Се остава во фрижидер 1 час да се излади. Се спрема ганаш кремот. Во касерола се ставаат да се соединат чоколадото и слатката павлака. Ако не ви е доволно благо, може да се додаде шеќер. Кога се изедначиле се тргаат од оган и нека одстојат 10 минути. После 10 минути се прелеваат врз колачот и се посипуваат останатите 50 гр сецкани лешници. Нека се стегни околу еден час и право на дегустација на оваа прекрасна пита (барем така рекоа гостите кои ја пробаа, а јас си каснав само 3 парченца). Користена е чаша од 250 мл.