Нутела чизкејк со кикиритки (без печење)
Состојки
- за подлога
- 30 парчиња мелени бисквити
- 6 лажици путер
- 2 лажици млеко
- за фил
- 300гр крем сирење
- 200мл слатка павлака
- 1 шола шекер
- 5 лажици нутела
- 1 желатин
- за украсување
- 100гр сецкани кикиритки
Подготовка
Се меси тесто и се става во тркалезен калап(бр 26) убаво се мазни и се остава во фрижидер 30тина мин додека се припрема филот.
Во мегувреме се припрема филот. Се мати пенасто крем сирењето а настрана се мати слатката павлака со шекерот,и му се додава на крем сирењето. Се дели на 2 дела.
Во едниот дел се додава 4-5 лажици нутела. Врз бисквитите се става белиот фил, па нутела филот и се посипува со кикиритки. Се остава убаво да се стегне 3-4 саати во фрижидер.
Доколку сакате поцврст фил -1 кесичка желатин се кисни во 30мл ладна вода, откако ќе искисни се става на оган да се стопи желатинот и се додава во слатката павлака матејки со миксерот.