Испечати

Декоративен колач со бисквити и банани

Декоративен колач со бисквити и банани

Состојки

  • 500-600гр бисквити
  • 2 банани
  • за фил
  • 23 лажици шеќер
  • 8 лажици брашно
  • 100гр какао
  • 250гр маргарин
  • 450мл вода

Подготовка

Многу лесен и брз декоративен колач со банани и бисквити. За мрсна верзија слободно ставете млеко.
Какаото се меша со брашното и шеќерот во еден сад. Потоа се додава водата, маргаринот исецкан на коцки. Се вари на оган додека не се згустни. На најлонска фолија или на алуфолија се редат бисквитите 3 реда по 6 бисквити па се премачкува со филот. Потоа уште еден ред и повторно со филот. Потоа се редат плус по 2 реда на крајните редови, а на средината да останат два реда.
Во средниот ред се ставаат бананите и се пополнуваат празнините со филот. Со помош на фолијата се витка во вид на пирамида и одозгора се ставаат уште еден ред бисквити. Цел колач се премачкува со филот, убаво се затвора со фолијата и се остава да омекне преку ноќ.