Испечати

Паметен карамел колач

Паметен карамел колач

Состојки

  • 4 јајца
  • 150гр шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 125гр маргарин(или путер)
  • 1 ванила
  • 500мл млеко
  • малку сол

Подготовка

Ова е карамел верзијата од овој магичен колач, за оние на кои не му се допага вкусот на јајца и млеко.
Се топи шеќерот во сад на оган и се остава да добие карамел боја. Внимавајте да не добие премногу темна боја бидејки колачот во тој случај ке има горчлив вкус.Потоа му се додава млекото и се остава да се стопи карамелот. Се додава ванилата и малку сол и се остава да се олади. Растопениот и изладен маргарин се мати со 4 жолчки и откако убаво пенасто ќе се измати се додава карамел млекото и постепено се додава и брашното.
На страна се матат 4 белки во цврст шлаг и се додава на смесата со жолчки. Со дрвена лажица пополека се мешаат белките да не останат големи грутки на површината. Се става во помал намрсен калап (коцка калап за лазањи) и се печи во загреана рерна на 140-150степени околу 1 час. Се остава да се излади 2-3 часа пред да се сечи.