Испечати

Колач 2 во 1 - Кодрит Кадир колач

Колач 2 во 1 - Кодрит Кадир колач

Состојки

  • Крем карамел
  • 1/3 чаша шеќер за карамелот
  • 6 јајца
  • 1/2 мешунка ванила
  • 750-800 мл. млеко над 3%
  • 1 чаша шеќер
  • Кафеава основа
  • 1 јајце
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1/2 чаша млеко
  • 1/2 чаша масло
  • 1 чаша брашно
  • 1 мала лажица пециво
  • 2 големи лажици какао
  • По желба 1 мала лажица инстант кафе - оригиналниот рецепт е без кафе

Подготовка

Многу вкусен колач 2 во 1. Одлично се надополнуваат крем карамелот со тестената основа.

Крем карамел
1. Шеќерот за карамелот се става во калапот за куглов и се става во загреана рерна на 180 степени да се растопи.
2. Во еден сад се ставаат ванилата, јајцата и шеќерот, се разматува со маталка колку да се соединат состојките (не треба да се мати многу за да не влегува воздух во смесата).
3. Се додава млекото и се промешува да се соедини.

Кафеава смеса
1. Во еден сад се ставаат јајцето и шеќерот и се мати убаво како за торта.
2. Се додава млекото и маслото и се промешува.
3. На смесата со јајцата се додаваат сувите состојки (брашното, пецивото, какаото и по желба инстантното кафе) се промешува до соединување.

Формирање
1. Врз растопениот шеќер се става смесата со јајцата и млекото.
2. Врз него се додава кафеавата смеса.
3. Колачот се става да се пече на водна бања (калапот за куглов се става во тавичка која што се полни со вода), рерната треба да биде загреана на 180 степени.
4. Колачот се пече 1 час.
5. Колачот се остава да се олади целосно.
6. Пред да се преврти во чинија треба да се стави за кратко во врела вода за карамелот да се отпушти.

Забелешка
-Чашата е 200 мл.
-Мешунката ванила може да се замени со 2-3 пакетчиња ванилин шеќер или арома ванила.