Бисквит колачи со аронија
Состојки
- 125 гр путер
- 1 јајце
- 1 ванилин шеќер
- 6 лажици шеќер во прав
- 1 шолја (200мл) брашно
- по желба аронија
Подготовка
Вкусни и лесни колачи кои се топат во уста и се готови за 15-тина минути.
1. Во сад се става 1 јајце и претходно растопениот путер и се меша со маталка.
2. Потоа се додава ванилинот шеќер и шеќерот во прав и убаво се меша.
3. Брашното се додава полека постојано мешајќи додека смесата не се соедини.
4. Плехот се обложува со хартија за печење, а хартијата се прска со масло за јадење.
5. Со лажица се зема од подготвената смеса и се става на плехот формирајќи кругови со големина по желба.
6. Врз секое колаче се ставаат зрна аронија и се притискаат за да навлезат во смесата.
7. Колачите се печат 7-10 минути (или додека не добијат светло кафена боја) во претходно загреана рерна на 220 степени.
* Доколку не сакате аронија можете да употребите друго овошје или коцки чоколада.