Испечати

Пудинг колач

Пудинг колач

Состојки

  • За кората
  • 1 јајце
  • 160 гр. шеќер
  • 100 мл. масло
  • 200 мл. млеко
  • 130 гр. брашно
  • 70 гр. мелени ореви
  • 1 лажица какао
  • 1/2 пакетче пециво
  • Фил
  • 900 мл. млеко
  • 3 кеси пудинг од ванила
  • 8 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 100 гр. маргарин

Подготовка

Подготовката ептен лесна...
- Премерете брашното, во него додадете го какаото, мелените ореви, пецивото - измешајте ги и оставете вака спремано настрана.
- Со миксер изматете пенесто јајцето со шеќерот, кога е добро сматено наизменично додавајте најпрво од маслото. Кратко време матете со миксерот (една минутка) додадете дел од млекото - промешајте, мешавината брашно. Матете пак кратко и така се по ред додека не се потроши.
- Добиената смеса ставете ја во модла 20 број, ставете да се пече во претходно загреана рерна од 180 степени околу 30-40 мин. Односно лесно ќе препознаете кога е печено или проверете со чачкалица (сепак секој знае како пече во неговата рерна). Кога е печена кората извадете и во модлата оставете да се излади.
- Додека се пече - спремете филот
- Од вкупата количина на млеко одвојте 200 мл. и во нив растворете го пудинг прашокот.
- Во остатокот од млекото ставете го шеќерот и ванилата, оставете да зоврие - тргнете од ринглата, додадете го растворениот пудинг. Измешајте и вратете на ринглата за да се довари.
- Варен пудингот тргнете настрана и оставете нека се олади, но повремено пробркувајте да не ви се направи кора или покријте го со стреч фолија која практично ќе ја залепите на површината од пудингот.
- Додека се лади пуднгот пенесто изматете го маргаринот. Во него додадете го оладениот пудинг, измешајте да добиете фина компактна смеса.
- Истурете го филот врз оладената кора која претходно лесно сте ја навлажниле со од вас избран сок, шербет, млеко или мед... како сакате, а и не мора.Но на мене мие повкусно кога е кората посочна ( загревам мед во кој ставам и малку вода или сок од портокал... ) Добро оладена откопчајте ја модлата за да ја довршите со декорација.
Вака филувана кората оставете најмалку 2 часа, а може и повеќе, да се се добро спои, тогаш се подобро сече.
- Декорирајте ја како сакате. Кај мене со мелени ореви, лушпи од чоколадо кои ги правев со ножот за лупење компир.
Јас немам модла 20 број на откопчување затоа печам во обично тавче 20 број, потоа ја пренесувам кората на тацната на која ќе стои, па со обрчот - прстен ја затварам кората и тогаш ја филувам. По одстојувањет - откопчувам и ја дозавршувам.
Нека ви е слатко...