Испечати

Колач со вишни

Колач со вишни

Состојки

  • за тесто
  • 2 чаши (200 мл) светло кафеав шеќер
  • 4 јајца
  • 100 мл масло
  • 1 чаша млеко
  • 3 чаши брашно
  • 1 пакетче пециво
  • 1 кора од портокал
  • за фил
  • 1 тегла компот од вишни
  • 1 лажица путер
  • 1 пакетче ванилин
  • 1 лажица гриз

Подготовка

1. Јајцата ги матиме со миксер заедно со шеќерот. Потоа го додаваме маслото, млекото, брашното, пецивото и изренданата кора од портокал.
2. Половината од смеса ја прелеваме во тава бр.30 и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.
3. Вишните ги цедиме, а сокот го ставаме на страна. Вишните ги подпржуваме заедно со путерот, гризот и ванилинот околу 3 минути.
4. Испеченото тесто го вадиме од рерната и го попрскуваме со сокот од вишните, потоа одозгора ги редиме вишните и го полеваме со другата половина од тестото.
5. Колачот го печеме уште 15 -тина минути додека не се зарумени.
6. Изладениот колач го сечеме во форма на срце и го украсуваме со вишни и кокос.

Јас овој колач го печев во округла тава, сепак полесно е доколку имате калап во форма на срце.
Ароматичен колач за вас, драги мои ~))