Печени срца од лиснато тесто
Состојки
- 1 ролна лиснато тесто
- 1 јајце
- За фил
- 200гр млечен намаз
- Друго
- чоколадни трошки и декорации по желба
Подготовка
Од лиснатото тесто се расукува кора што е можно потенка.
За едно срце потребни ви се три срциња со нормална големина од кои едно цело како база, а останатите две од внатрешноста се издлабени со калап од помалата големина.
Прво се става целото срце, се мачка со јајце на ивицата, па се става другото срце со издлабено срце во внатрешноста, се мачка и одозгора третото срце со издлабено срце во внатрешноста и се мачка.
Вака подготвените срца печете ги во загреана рерна од 200 степени 10мин. Оставете да се изладат.
За украсување на срцето ова е мојот предлог.
Млечен намаз и измешајте со чоколадни снегулки
Совет-можете да ги наполнете со што сакате, сирење фета со сецкани маслинки или шкампи.. ваш избор...