Брза торта со бисквити
Состојки
- околу 400 гр бисквити
- за крем
- 3 јајца
- 150 гр шеќер
- 1 паковка ванилин
- 2 лажици брашно
- 2 лажици густин
- 600 мл млеко
- 100 гр путер
- за посипување
- по потреба мелени бисквити и ореви
Подготовка
1. Јајцата, шеќерот и ванилинот ги матиме со жица, потоа ги додаваме брашното и густинот и пак ги матиме. Накрај полека го додаваме млекото непрекинато матејки со жицата.
2. Кремот го вариме на тих оган додека не згусне, потоа го додаваме путерот и убаво го промешуваме кремот и покриваме со најлон и оставаме да се подизлади.
3. Бисквитите се кршат на парчиња, се редат во чинија, а врз нив се премачкува кремот. Постапката се повторува додека не се потрошат бисквитите и кремот.
4. Тортата се премачкува од сите страни со преостанатиот крем и посипува со мелени бисквити и со малку мелени ореви.
Најдобро тортата да отстои во фрижидер 4-6 часа.