Испечати

Тост банички со готови кори

Тост банички со готови кори

Состојки

  • За 1 баничка
  • 2 готови кори
  • 1 голема лажица масло
  • 1-2 големи лажици фил
  • Фил
  • По потреба јајца, сирење и кисело млеко (одприлика за 500гр. кори 2-3 јајца, 300 гр. кисело млеко, 250-300 гр. сирење)

Подготовка

1. Првата кора се премачкува со маслото и врз неа се става втората кора.
2. Врз корите се става 1-2 лажици од филот.
3. Корите се виткаат како ,,сарма,, (покажано на фотографиите).
4. Баничките се печат во тостер до заруменување.

Фил
1. Јајцата се разматуваат, му се додава ренданото сирење и киселото млеко, се промешува да се соедини.