Солени штангли
Состојки
- 3 јајца + сол на врв на нож
- 3 лажици брашно
- 1/2 пециво
- 1 лажица масло
- 1 лажица јогурт
- 1/2 мала лажичка црвен пипер
- 1 фил
- 50 гр. бело сирење (изрендано)
- 2 лажици кисела павлака 20 %
- 1/2 лажичка буковска пипер
- 2 фил
- 50 гр. бело сирење (изрендано)
- 2 лажици кисела павлака 20 %
- 1 лажичка магдонос (ситно сечкан)
Подготовка
Овие солени штангли или тортици се многу вкусни и декоративни, погодни за имендени или други свечени прилики.
1. Јајцата се матат пенесто со солта, се додаваат останатите состојки освен црвениот пипер.
2. Смесата се истура во намастена тава (35 х 27 см.) и обложена со хартија за печење. Дел од жолтата смеса се остава и во неа се става црвениот пипер, се меша и се истура со шарење врз жолтата смеса.
3. Се печи на 200 степени околу 15 минути. Јас печев во Делимано ростер тавата која само малку ја намастив и без проблем го извадив испеченото тесто.
4. На изладеното тесто му се сечат краевите и со линијар се сечат 3 ленти со димензии 10 х 20 см.
5. Состојките од 1 фил се мешаат и со него се премачкува 1-вата лента, врз ова се става 2-рата лента.
6. Состојките од 2 фил се мешаат и со него се премачкува 2-рата лента и врз ова се става 3-тата лента.
7. Внимателно се сечат штангли со димензии 2 х 5 см. и се декорираат со кисела павлака или по желба.
Се добиваат 20 парчиња солени штангли.