Испечати

Лисната пица погача

Лисната пица погача

Состојки

  • За тесто
  • 500 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 300 мл млако млеко
  • 100 мл масло
  • 1/2 сув квасец
  • 125 гр ладен путер
  • За полнење
  • 100 гр шунка или салама
  • 100 гр кашкавал
  • неколку лажици кечап
  • оригано по вкус
  • За премачкување
  • 3 лажици млеко
  • 1 жолчка
  • сусам за посип
  • неколку шери домати

Подготовка

За љубителите на пица вкусот еве една моја изведба за фина, мека и декоративна погача.

Подготовка
1. Разматете го квасецот со шеќерот, лажица брашно и шоља млако млеко и оставете го да се активира.
2. Сите состојки за тесто ги замесуваме до меко тесто па го оставаме да стаса, да се дуплира.
3. Додека стасува тестото кашкавалот и саламата ги сечкаме на мали коцки и ги мешаме со кечапот и ориганото.
4. Го размесуваме тестото, па го расукуваме во правоаголна форма и врз него рендаме од ладниот путер. Го распоредуваме путерот со размачкување па го виткаме тестото во ролат.
5.Сечеме околу 20 парчиња на кои во средината им ставаме по една лажичка од филот за полнеж, нежно ги затвораме колку да се разлиста малку парчето. Ги редиме со затворената страна надолу, во подмачкано со масло тавче бр.26.
5. Погачата ја премачкуваме со разматена жолчка со млеко, ја посипуваме со сусам, ги редиме шери доматите, па ја стасуваме околу 20 минути.
6. Печеме во загреана рерна на 200 степени.
За да не ви потемни многу, од половина печење натака ставете алуминиумска фолија врз неа. Се пече околу 30-40 минути.