Испечати

Тортили полнети со пилешко

Тортили полнети со пилешко

Состојки

  • 1 паковање тортили ( 8 парчиња )
  • 500 гр пилешки стек
  • 1 парче кромид
  • 2 пиперки
  • 250 гр свежи шампињони
  • 1 лажица мешан зачин
  • 1 мало лажиче црн бибер
  • 250 мл вода
  • 300 гр рендан кашкавал
  • 300 мл кечап

Подготовка

За почеток на овој убав рецепт потребно е да се измие и да се исчисти цел зеленчук што е потребен.
Кромидот по можност голема Бучинска главица (оној водлестиот) исецкајте го на коцки.
Пиперките измијте ги и исецкајте ги на коцки.
Шампињоните исчистете ги и исечете на коцки.
Пржете по ред.
Додадете масло па кромид.
Кога ќе добие кристална боја, додадете ја пиперката.
Шампињоните исчистени и исецкани додадете ги во вок тавата.
Пилешкиот стек исечете го на коцки па додадете го и него и зачинете.
Оставете да се попржи на тивко околу 15 минути, а потоа додадете ја водата и оставете да крчка околу 20 минути.
Готовиот фил послужува за полнење на тортилите.
Земете една тортила и на крајот ставете со лажица дел од филот.
Завиткајте само од едната страна ( како на сликата ) и виткајте во ролничка.
Повтортете ја постапката со сите тортили.
Редете ги во тава која претходно ја подмачкавте со путер.
Врз наредените тортили попрскајте кечап, а потоа нанесете рендан кашкавал.
Вака подготвените тортили ставете ги во загреана рерна околу 10 минути.
Служете ги топли со чаша црвено вино.
На здравје

Забелешка
Имате додатни слики како да ја завиткате од едната страна.Тоа е потребно за да може маснотијата да си испадне од неа и во тортилата да остане онолку колку е потребно.