Пилешко во сок од портокал
Состојки
- 1 пиле (1.2 кг)
- 2 портокали
- 1 мандарина
- 1 главица кромид
- 4-5 чешниња лук
- 50 мл маслиново масло
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка мелен бибер
- 1/2 лажичка оригано
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажца мед
Подготовка
1. Во сад се мешаат маслиново масло, сол, мелен бибер, оригано, црвен пипер, мед и сок од 1 цеден портокал.
2. Пилето се сече на половина (но не целосно) и се премачкува од двете страни со претходно подготвената маринада.
3. Во средината се ставаат парчиња портокал, мандарина, кромид и лук.
4. Се пече 60 минути на 200 степени.