Испечати

Колач со јаболка, портокал и цимет

Колач со јаболка, портокал и цимет

Состојки

  • Тесто
  • 200 гр путер
  • 4 јајца
  • 275 гр брашно
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 200 гр шеќер
  • 1 рендана кора од портокал
  • Состојки кои се редат над тестото
  • околу 1 кг јаболка
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажиче цимет
  • 50 гр сецкани ореви
  • 3 лажици шеќер во прав

Подготовка

Комбинацијата на јаболко, портокал и цимет секогаш воодушевува и е одличен избор на вкусови за во зимски денови. Еве еден предлог токму за ова време од годината.
Путерот омекнат на собна температура се мати со ренданата кора од портокал. Се додава шеќер, ванилин-шеќер и јајцата и сето убаво да се измати и на крајот се додава брашното. Тестото се става во тркалезна тава, но ако сакате да биде пониско можи и во поголем плех на кој претходно сме ставиле хартија за печење. Јаболката се лупат и се сечат на текни полукругови и се редат над тестото целосно да биде прекриено со јаболка. Се поросува шеќерот, циметот и се печи на загреана рерна 30 минути на 200 степени. Откако ќе се испечи, малку да олади и се поросува со сецканит ореви и шеќер во прав.
Последниот прат го правев по истата постапка само што над јаболката ставив и 200 гр замрзнати вишни, без коски и добив уште поубав и побогат киселкаст вкус. Оваа варијанта ја има и на дополнителните фотографии.