Ролат со крем од мандарини и бело чоколадо
Состојки
- Тесто
- 4 јајца
- 9 големи лажици шеќер
- 9 големи лажици брашно
- 9 големи лажици масло
- 1 мала лажица пециво
- 1 ванила
- Фил
- 5 големи лажици мармалад од мандарини
- 2 жолчки
- 2 големи лажици шеќер
- 3 големи лажици брашно
- 50 гр. бело чоколадо
- 150 мл. вода
- 2 големи лажици путер
Подготовка
Тесто
1. Белките се одделуваат од жолчките, белките се матат со шеќерот и ванилата и се додаваат жолчките една по една.
2. На смесата со јајцата се додаваат маслото, брашното и пецивото и се мати до соединување.
3. Тестото се става во тавичка за печење со хартија или во тавичка со покритие и се печи на 180 степени 10ина минути.
4. Откако ќе се испече се става врз мокра крпа и се завиткува како ролат, се остава така да се олади.
Фил
1. Во касерола се ставаат шеќерот, водата и мармаладот од мандарини, се става на оган да се загрее.
2. Во еден сад се ставаат жолчките се разматуваат и се додава брашното.
3. Во садот со жолчките се додава од загреаната смеса со мармаладот за да се изедначат температурите и потоа целата смеса се става во касеролата и се враќа на оган.
4. Кремот се вари до добивање на посакуваната густина и му се додаваат путерот и белото чоколадо, се меша до растопување.
5. Кремот се остава да се олади и ролатот се филува.