Испечати

Мафини со макарони и праз

Мафини со макарони и праз

Состојки

  • 100 гр ситни макарончиња
  • 50 гр праз
  • 1/2 зелена пиперка
  • 1/2 црвена ајварска пиперка
  • 100 гр чајна коласица
  • 200 гр кашкавал
  • 5 јајца
  • 1-2 лажици путер

Подготовка

Подготовка
1. Макароните се варат во солена вода, се цедат и потоа додека се топли им се додава путерот да се растопи-мешајќи (да не се лепат меѓусебно)
2. Калапите за мафини се премачкуваат со путер и во нив се ставаат макарончиња до пола калапче. Ако имате Делимано силиконски калапи, нема потреба од премачкување.
3. Врз нив се редат ситно сечкан праз, чајна колбасица, пиперките и рендан кашкавал
4. Јајцата се матат со сол и се истураат врз мафините секаде по малку
5. Врз јајцата се става повторно рендан кашкавал
6. Се печат на 180 степени околу 15-тина минути