Испечати

Старински ролат колачиња

Старински ролат колачиња

Состојки

  • Црн дел
  • 200 гр мелени ореви
  • 200 гр шеќер во прав
  • 1 белка
  • 80 гр стопено чоколадо
  • 1 лажица екстрат од рум
  • Жолт дел
  • 4 тврдо варени жолчки
  • 50 гр путер
  • 100 гр шеќер во прав

Подготовка

Рецептов е постар и од мене, хахааа... навистина, ова се колачиња кои се служеле одамна, на визитите, запишан во старата тетратка со рецепти на мајка ми...
За темниот дел, малку измесете ги состојките, колку да се спојат и ставете ја смесата во фрижидер.
За жолтиот дел, со вилушка испасирајте ги состојките.
Од оваа смеса јас правам два потенки ролати. Смесите се делат на два дела.
На најлонска фолија прво се става темната смеса, па се премачкува со жолтата смеса. Со помош на фолијата свиткајте ролат. Се чува на ладно до употреба.