Испечати

Ракчиња во вок тава

Ракчиња во вок тава

Состојки

  • 1кг ракчиња (козици или гамбори)
  • 1 голема главица кромид
  • 100 мл маслиново масло
  • 2 чешнина лук
  • половина киска магдонос
  • 250 мл бело вино
  • по вкус сол
  • 1 лажичка мешан сув зачин
  • по вкус црн бибер

Подготовка

Ова е многу едноставно и брзо подготвување на ракчиња. На овој начин може да се подготвува и друг вид морски плодови. Јас и мојот сопруг ја обожаваме морската храна и доста често ја готвам, но моите ќерки никако да ги навикнам да конзумираат морски плодови. Уште кога беа мали многу се трудев, доста често готвев и бев упорна да ја засакаат се обидував на најразлични начин да ја подготвам за да им биде убаво, но залудно, не сакаа ниту да пробаат. Затоа си поканувавме пријатели и си уживавме заедно со добро вино и пријатна музика се до утринските часови. Уживам во оваа храна особено во овие зимски и студени денови ме потсетува на топло лето, мирис на море, опуштање и релаксирање на денови без грижи и на убави моменти поминати со семеството и пријателите. Па еве од мене, драги пријателки еден предлог за малку да одмориме од тешката и калорична храна со која се изнаполнавме за време на празниците.

Ракчињата само се мијат и се оставаат малку да се исцедат од водата. На маслиново масло во вок тава се запржува ситно сецкан кромиц и се додаваат ракчињата со 100 мл вода да издинстаат се додека водата да изврие. Се додава лук, сол, мешан сув зачин, црн бибер и магдонос. Кратко се пропржува и му се додава виното. Се остава на оган уште 10 минути додека вионото не испари. Се сервираат со лимон. Уживајте во вкусот.