Домашен начо сос
Состојки
- 60 гр путер
- 2 лажици брашно
- 200-250 мл млеко
- 200 гр гауда кашкавал
Подготовка
Вкусен домашен сос за чипс, помфрит или тестенини.
1. Во тенџере на среден оган се топи 60 гр путер.
2. Откако путерот ќе се стопи се додаваат 2 лажици брашно, постојано мешајќи со маталка.
3. Потоа се додаваат 200-250 мл млеко и 200 гр гауда кашкавал.
4. Се меша постојано додека сите состојки не се соединат.