Принцес крофни
Состојки
- Тесто
- 250 мл вода
- 250 мл масло
- 250 гр брашно
- 1 лажичка пециво
- 6 јајца
- Фил
- 1,5 л млеко
- 5 кесички ванила пудинг
- 9 лажици шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 250гр маргарин
Подготовка
На оган се зоврива водата и маслото. Се тргна на страна и се додава брашното и пецивото и се меша додека да се хомогенизира. Се остава да се олади до крај.
Потоа во изладената смеса се додаваат јајцата едно по едно, постојано мешајќи со дрвена лажица или со миксер, со маталките за тесто.
Тестото се става во готварски шприц или се зема со голема лажица или со алатка за сладолед, ваш избор и се редат во тавче за печење. Битното е да има доволно голем простор помеѓу нив, бидејќи многу нараснуваат при печење. (како на сликата)
Се печат на 180 степени, 20 мин, БЕЗ отварање на рерната.
За подготовка на филот потребно е да се свари млекото, а предходно од него се одзема 250 мл, за да се размати пудингот. Во млекото се додава шеќерот и се остава да зоврие. Потоа се додава пудингот и се меша додека да се згусне.
Се остава да се олади до крај и потоа се додава мартаринот, кој се мати со миксер.
Ладни крофни, ладен фил!
Крофните се сечат на пола и се филуваат со филот и се поклопуваат двете половинки. Одозгора се прелеваат со чоколадо за готвење или со шлаг пена, зависно од вкусот и изборот.