Торта со киви - Бела Рада
Состојки
- За пандишпан
- 8 јajца
- 8 лажици шеќер
- 14 лажици мелен орев
- 1 + 1/2 лажица брашно
- За фил
- 500 мл млеко
- 2 пудинга од ванила
- 4 лајци шеќер
- 125 гр маргарин или путер
- 400 гр сецкани желе бомбони
- 5-6 лупени киви
- За прелив
- 150 гр чоколадо за готвење
- 100 гр путер
- 2 лажици рум
Подготовка
Оваа торта е идеална за љубителите на кремасти торти. Кивито одлично се спојува со филот и му дава одлична свежина и вкус.
Најпрво пенасто се матат јајцата со шеќерот и потоа со помош на лажица се додаваат претходно измешаните ореви и брашно, при тоа внимателно мешајќи додека да се соединат.
Се пече на хартија во правоаголен плех, во загреана рерна на 200 степени.
За филот најпрво се вари пудингот со млекото и шеќерот и потоа се остава да се излади.
Во изладениот пудинг се додава добро изматениот путер или маргарин и исецканите желе бомбони и убаво се промешува.
Потоа се зема правоаголен калап (како оној за леб) и се крои тортата спрема димензиите на калапот. Се обложува калапот од сите страни со пандишпан при тоа да се добие празнина во внатрешноста (покажано е на сликите) и потоа се полни со фил. Се става половина од филот па врз него се редат кивите по должина и врз нив се става остатокот од филот.На крај врз филот го ставаме последното парче пандишпан како капак и убаво притискаме. Ја ставаме во фрижидер да се излади и стегни.
Чоколадата, путерот и румот се ставаат на среден оган да се растопат и спојат и потоа изладената торта ја преливаме со млакиот прелив од чоколадо и декорираме по желба.
Јас користев плех со димензии 30*40 и исеков 5 ленти од кои едната ја поделив на 3 делови од кои 2 беа за страниците и модла за леб со димезии 32 * 8 во дното односно во потесниот дел бидејќи нагоре шири и висина од 7 цм во која ја правев тортата.
Исто така оваа торта за уште полесен и понтересен изглед можите да ја направите како ролат со тоа што кога пандишпанот ќе го извадите од рерна откако малку ќе излади ќе го замотате во полувлажна крпа за да потоа не ви се крши кога ке го ролате.