Полжавчиња во шербет
Состојки
- За тесто
- 500гр. просеано брашно
- прстофат сол
- 2 лажичиња шеќер
- 50гр. гриз
- кора од 1 лимон
- 1 пресен квасец
- 1 јајце
- 125гр. стопен путер или маргарин
- 200-250мл. топло млеко
- 2 лажици просеано какао
- по потреба кокос или орев сецкан
- За шербет
- 3 шољи вода
- 3 шољи шеќер
- по вкус сок од лимон
- 1 ванила
- *Шољата е од 250мл.
Подготовка
Се мешаат сите суви состојки, сем какаото.
Квасецот се додава изронет само-не активиран.
Се додава млакиот путер и топлото млеко и се замесува средно меко тесто. Убаво се измесува.
Се дели на два дела. Едниот останува каков што е, а во другиот се додава какаото.
Се пемачкува со масленце и покрива со најлонска фолија. Се остава да стасува.
Одкако се дуплирал волуменот, се зема едната топка се отвора во правоаголна кора. Се попрскува со кокос или орев сецкан. Се отвора од другиот дел (кај мене кафеавиот) кора и се става врз првата. Убаво се притиска со дланки или оклагија и пак се попрскува со кокос или орев. Се витка ролат. Се сечат парчиња со дебелина од 1цм. и се редат во намрсена тава.
Се печат во загреана рерна за време од 15-на минути на 200степени.
Се оставаат да изладат.
Шербетот се прави стандардно. Се зоврива шеќерот и водата. Штом зоврие се додава лимоновиот сок и се вари на умерен оган уште 5 мин. При крај се додава ванилата. Се остава да излади малку-да биде топло.
Се залеваат колачите, по извесно време се превртуваат и од другата страна за да впијат убаво, бидејќи имаат гриз.
На здравје!