Испечати

Мусака од јаболка

Мусака од јаболка

Состојки

  • 4 јаболка
  • 2 јајца
  • малу презла
  • 350мл млеко
  • 200гр мелени ореви
  • 100гр суво грозје

Подготовка

Сега покрај оние мусаки што ги правиме, јас приготвив една необична мусака од јаболка која на изглед е премногу слична на онаа со компири, а ни малку нема ист вкус.
Јаболката се лупат и се сечат на кругови.
Секој круг се натопува прво во јајце па потоа во презла. (Поховани јаболка)
Се пржат.
Млекото го вариме на пареа, па кога ќе проври, ги додаваме мелените ореви, сувото грозје и пола лажица шеќер со малу ванилин шеќер.
Во калап ставаме ред поховани јаболка, малу ги распрскуваме со растопен путер, ред смесата од ореви.
Се така додека се потроши материјалот.
Вака припремена мусака ја попрскуваме со млеко и ја ставаме да се подиспечи околу 10мин.
Послужете со шеќер во прав измешан со малку ванилин шеќер.