Печено пилешко со корнфлекс
Состојки
- 500 гр бело пилешко месо
- 4 големи лажици сенф
- 150 гр корнфлекси
- 1 чажичка вегета
- прстофат црн бибер мелен
- половина лашичка сол
Подготовка
Еве еден предлог за подготовка на пилешко месо, многу вкусно, лесно и диетално. Омилено јадење на моите ќерки.
Пилешкото месо се сечи на долгунести парчиња, но може и друга форма. Се мие и се вари. Парчињата се ставаат во длабок сад и се зачинуваат со сол, мешан зачин, црн бибер. Се додава сенфот убаво да се измеша така да на сите страни од парчињата биде убаво намчкано. Во подлабок сад се става корнфлексот и малку да се искрши може со толчник да се издроби, но не многу ситно. Секое парче од пилешкото месо се става во корнфлексот и се меша целосно да биде прекриено со корнфлекс. Парчињата се редат во плех обложен со хартија за печење. Се печи во загреана рерна околу десетина минути на 200 степени, додека корнфлексот не добие црвекнкаста боја и да биде крцкав. Вака подготвеното пилешко може да се сервира со додаток пире за ручек, а за мезе може со сос во ваш избор. Обично го сервирам со сос од сенф во зрна, мајонез и павлака зачинето со рузмарин.