Испечати

Туниски колач

Туниски колач

Состојки

  • Прв ред од колачот
  • 150 гр сецкани ореви
  • Втор ред
  • 8 белки
  • 200гр шеќер
  • 2 лашици мармелад од кајсии
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • Трет ред
  • 8 жолчки
  • 250 мл млеко
  • 10 големи лажици шеќер
  • 3 големи лажици гриз
  • 250 гр путер
  • Четврт ред
  • 2 кесички шлаг пена
  • 250 мл ладно млеко

Подготовка

Ова е колачот кој го обожувам. Секогаш го правам со големо задоволство, многу е вкусен и лесен за јадење. Топло ви го препорачувам.
На тава бр. 40 се ства хартија за печење. Оревите се сецкаат на крупно и се редат на тавата. Се печат кратко малку да заруменат.
Белките со шеќерот се матат со миксер,цврсто. Се додава мармеладот и ванилин шеќер. Со оваа смеса се преливаат печените ореви во тавата. Се печи во рерна 15 минути на 200 степени Целзиусови. Рерната се исклучува и се остава да одстои уште 15 минути.
Жолчките се ставаат во тенџере и во нив се додава млеко и шеќе, па се варат на тивок оган. Се додава гризот и се вари се додека смесата не стане многу густа. Се остава настрана целосно да се излади. Се додава путерот и се миксира со миксер се додека смесата не стане еднаква.
Млекото и шлаг пената се миксираат со миксер до најголема густина.
Во тавата на печените блки се става смесата со жолчки и убаво, подеднакво да се премачка. Над овој ред најгоре се премачкува со шлаг пена.
Може да се украси по желба- рендано чоколадо, ореви и др.
Се остава да одстои во фрижидер неколку часа и се сече на коцки големина колку што ви одговара. Мени ми излегуваат околу 12 големи парчиња.