Испечати

Пиперчиња полнети со изварка или сирење

Пиперчиња полнети со изварка или сирење

Состојки

  • 2кг. мали бабурчиња
  • За солило
  • 3л. вода
  • 100гр. шеќер
  • 100гр. сол
  • 400мл. бела киселина
  • околу 2кг. изварка - солена
  • За залевање во теглите
  • по потреба масло

Подготовка

Последната тегла ја отворив сега пред некој ден. Одлични. Ги правам трета година по ред. 

Се вари солило од водата со шеќерот и солта. Откако ќе зоврие се трга настрана, се остава да подизлади и се додава белата киселина. Се остава целосно да излади.
Пиперчињата се мијат, се чистат од рачките и семките. Се налеваат со изладеното солило и се оставаат да одстојат една ноќ. Другиот ден се цедат од солилото на гергев.
Убаво исцедени се полнат со посолената изварка или пак можите со ронки сирење, мене лично ми се поубави со сирење. Се редат во тегли, убаво едно до едно, збиени и се залеваат со масло, да ги покрива, но сето тоа да е до грлото на теглата.Се затвораат убаво со капаците и теглите лесно се провриваат.

Одкако ќе зоврие водата, се исклучува ринглата и се оставаат така да стојат на рингла 10-на мин..Потоа се тргаат од ринглат и се оставаат во водата да изладат. Значи колку капачињата да се вовлечат, да вакумираат теглите.
Не ги зовривав повеќе време и на појако, за да не бидат меки пиперчињата...

*Водата во тенџерето да не ги покрива теглите кога ќе се стават да се варат.
*Излегуваат 4 тегли, сепак тоа зависи од големината на пиперчињата, исто и од нив зависи количината маслото, но од прилика е околу 1 литар.
*Можете да додадете и магдонос.