Урма коцки со пишкоти
Состојки
- 7 јајца
- 7 лажици шеќер
- 50мл. масло
- 7 лажици брашно
- 3 лажици какао
- 100гр. сецкани урми
- 100гр. сецкани ореви
- 1 прашак за пециво
- чоколаден фил
- 2 чоколадни пудинга
- 500мл. млеко
- 100гр. шеќер
- 125гр. путер
- 300гр. пишкоти
- бел фил
- 500мл. слатка павлака
- 200гр. бела чоколада
Подготовка
Започнуваме со матење на јајцата и шеќерот, откако ќе добиеме густ крем
Го додаваме маслото мешаме со шпатула и полека го додаваме брашното, пецивото и какаото кои предходно сме ги просејале. На крај ги додаваме сецканите урми и ореви. Тестото за пандишпан го сипуваме во големата плитка тава на делимано. Печеме на 180 степени половина час.
Пандишпанот печен го превртуваме и оставаме да се излади.
Чоколаден фил
Во мал дел од ладното млеко го раствараме пудингот и го додаваме во зовриеното млако и шеќер мешаме додека не добиеме густ крем. Ладниот крем го матиме со путерот додека смесата убаво не ни се изедначи.
Бел фил.
Слатката павлака ја матиме во неа ја додаваме растопената бела чоколада.
Филување.
Врз пандишпанот го нанесуваме чоколадниот фил, редиме пишкоти и врз нив го нанесуваме белиот фил. Пишкотите ги топиме во млако млеко.
Колачот го оставаме еден час во фрижидер да се излади и стегне.
Сечеме убави коцки и послужуваме!!!