Пилешко со зеленчук - Chinese style
Состојки
- За подготовка на пилешкото месо
- 500 гр пилешки стек
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка мелен бибер
- 1/2 лажичка лук во прав
- 1 лажичка лут буковец
- 1 лажичка диво оригано
- 3 лажици лут кечап
- 60 мл соја сос
- 100 мл вода
- по потреба масло
- За подготовка на зеленчукот
- 600 гр моркови
- 1 цвет брокула
- 500 гр свежи печурки
- 400 г зелка (околу 1/4)
- 60 мл соја сос
- по потреба масло
- по желба сол
Подготовка
1. Пилешкиот стек се сече на мали коцки, се става во тава со загреано масло заедно со зачините и се пржи, постојано промешувајќи.
2. Кога стекот ќе биде речиси готов се полева со водата, соја сосот и кечепот и се остава 10-тина минути на среден оган.
3. Во посебна вок тава со масло се пропржуваат морковите исечени на ленти. Потоа се додаваат свежите печурки (исечени на коцки) и на крај се додаваат брокулата и зелката и се заедно се меша.
4. Кога зеленчукот ќе почне да омекнува се додава соја сосот и малку сол и се пропржува уште кратко додека зеленчукот не го впие соја сосот.
5. На крај во тавата со зеленчук се става пилешкиот стек заедно со сосот во којшто се готвеше и се заедно убаво се промешува.
* Ова јадење може да се послужи со бел ориз.