Домашна ресана со мандарини
Состојки
- Основа
- 1 јајце
- 30 гр. шеќер во прав
- 30 гр. брашно
- Желе од мандарини
- Сок од 3 мандарини
- Сок од 1 портокал
- 1-2 големи лажици шеќер
- По желба арома од портокал или мандарина
- Глазура
- 60-70 гр. чоколадо
- 30-40 мл. масло
Подготовка
За основата на ресаните користена е смеса за домашни пишкоти.
Од една доза се добиваат 12 парчиња.
1.Смесата се става во шприц или со лажица се распределува во претходно малку подмачкан калап за мафини.
2 . Основите се печат во загреана рерна на 150 степени за 5-6 минути или додека поруменат.
Крукчиња од мандарини
1. Сокот од мандарините и портокалот се става на оган со шеќерот и се остава додека зоврие.
2. Во еден сад се става желатинот, се додаваат 4-5 лажици вода.
3. Откако ќе зоврие сокот се трга од оган и му се додава растворениот желатин, се промешува и се става во тавичка во која има поставено фолија, треба да е со височина 2-3 милиметри.
4. Сокот со желатинот се оставаат на ладно најмалку за 2 часа.
5. Од стегнатиот желатин со модла се вадат кругови и се ставаат врз основите.
6. Ресаните се чоколадираат и се оставаат на ладно да се стегнат.
Забелешка
- Ако е потребно крукчињата од желатин се потсушуваат со кујнска хартија.
- Ако е потребно ресаните се чоколадираат втор пат. Јас ги чоколадирав 2 пати и чоколадото е доволно.
- Желатинот стигнува за 20-ина парчиња. Јас го ставив во тавичка 20 на 20.