Испечати

Чоколадни шери мафини

Чоколадни шери мафини

Состојки

  • 125 гр путер
  • 100 гр чоколадо
  • 250 гр слатко од вишни
  • 150 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 150 гр брашно
  • 1/2 кесичка пециво
  • прстофат сол
  • За чоколадниот крем
  • 100 мл слатка павлака
  • 150 гр чоколадо
  • 50 мл слатка павлака

Подготовка

Ова е рецепт за слатко шери задоволство збогатено со големо количество на чоколадо. Мафиниве беа искористени како мини роденденски тортички.

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180 степени. Редиме хартиени корпички во калапот за мафини.
2. Путерот го ставаме во сад на оган да се растопи, на многу ниска температура (рингла од 1-6 на 2 ставена). Го тргаме од оган и во него го ставаме чоколадото па мешаме додека да се растопи. Шеќерот го додаваме откако ќе ни се растопи чоколадото и мешаме до соединување , па и лесно растопување.
3. Јајцата лесно ги матиме со миксер, колку да се разматат и ги додаваме во претходната смеса, го додаваме и брашното во кое сме го измешале пецивото, а и солта. Го ставаме слаткото од вишни и целата смеса ја промешуваме со шпатула.
4. Со лажица ставаме од смесата во секоја корпичка. Печеме во загреаната рерна околу 25 минути.
Додека се печат мафините го подготвуваме кремот
5. Слатката павлака (100 мл) ја загреваме во сад на рингла па го додаваме чоколадото да се растопи и соедини. Ја оставаме смесата малку да подизлади па убаво ја матиме со миксер.
6. Откако смесата ќе биде убаво измазнета додаваме во неа 50 мл слатка павлака и матиме кратко, се додека да се зголеми малку волуменот на кремот. Го ставаме во шприц и ги украсуваме веќе изладените мафини

Забелешка
Пробајте со чепкалка , ако е сува мафините се печени. Откако ќе се испечат оставете ги уште десет минути во калапот за мафини.
Од оваа смеса ми излегоа 16 мафини.
Со оваа доза на крем што ја подготвував јас нема да ви стаса за сите мафини доколку ги филувате богато како на главната фотографија, затоа или намалете од кремот на секое мафинче или пак направете повеќе чоколаден крем.
Користев чоколадо за готвење со висок процент на какао.