Испечати

Брза закуска

Брза закуска

Состојки

  • 10 парчиња тост леб
  • 10 парчиња кашкавал
  • 10 парчиња тост салама
  • 100 гр путер

Подготовка

Брза и едноставна закуска, за вечера, за изненадни гости...
На лебот исечете му ја коричката и поминете го со сукало.
На секое парче ставете кашкавал и салама, свиткајте го во ролатче и премачкајте го со путер од сите страни.
Ставете го во загреана рерна и печете додека не зарумени.