Испечати

Лиснат чоколаден колач

Лиснат чоколаден колач

Состојки

  • 300 гр чоколадо (со висок процент какао)
  • 60 гр путер
  • 200 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 100 гр брашно
  • 1 лажица ванилин екстрат
  • 50 гр сечкано бело чоколадо
  • 100 гр исечкани ореви
  • 250 гр лиснато тесто (1 лист)

Подготовка

Ова е колач кој многу брзо се прави, а е вистински рај за љубителите на чоколадото.
Калапот во кој го печев е 37цм * 10 цм (калап со ребра) ама може и во друг правоаголен калап.
Лиснатото тесто расучете го и ставете го во калапот кој сте го намачкале со путер. Краевите нека висат.
За полнењето, стопете го чоколадото со шеќерот и путерот, додајте ги јацата, измешајте убаво (не ви треба миксер) па додајте ги и другите состојки. Турете ја смесата во калапот и преклопете ја со краевите од лиснатото тесто.
Ставете го да се пече во загреана рерна на 170 степени, околу 45 минути.
Првиот пат, мислев дека е готово, го извадив калапот и кога го превртив, лиснатото тесто на средината не беше допечено. Го вратив во калапот, го ставив на најдолната решетка од рерната и го печев уште десетина минути. Значи, му треба убаво печење, а да не ви изгори одозгора, прекријте го на половината од печењето со фолија.