Тропикана коцки
Состојки
- За кората
- 5 белки
- 300 гр шеќер
- 1/2 сок од лимон
- 7 лажици брашно
- 150 гр кокос
- 400 мл млеко
- За фил
- 5 жолчки
- 12 лажици шеќер
- 3 пудинга од јагода
- 650 мл млеко
- 2 ванили
- 250 гр путер
- 150 гр шеќер во прав
- 2 мандарини
- 1 портокал
- 150 гр толчени ореви
- За декорација
- 100 мл млеко
- 1 прашок за сладолед од јагода
- 100 мл слатка павлака
- 2 мандарини
Подготовка
Кора
1. Се матат белките со шеќерот пенасто и во нив се додава сокот од лимон и брашното и кокосот
2. Се пече во тавче од рерна на хартија за печење
3. Откако ќе се испече кората, додека е топла се полева со 400 мл ладно млеко
Фил
1. Млекото и шеќерот и ванилите се ставаат да зовријат и во него се додава растворениот пудинг со матените жолчки и се вари крем
2. Откако ќе излади кремот се додава матениот путер со шеќерот во прав и кората од мандарина
3. Во него се додаваат мандарините и портокалот и оревите и со него се филува кокос-кората
Декорација
1. Се мати сладоледот во прав со млекото и во него се додава слатката павлака и со ова се покриваат тропикана коцките
2. На секоја коцка се реди по една јатка од орев и едно парченце мандарина