Испечати

Леб без месење со сладок компир

Леб без месење со сладок компир

Состојки

  • 1/2 чаша пире од сладок компир
  • 1 чаша топла вода
  • 1/4 лажиче сув квасец
  • 1 лажиче сол
  • 3 чаши брашно

Подготовка

Чашата е од 250 мл.
Најпрво сварете го слаткиот компир, исцедете го и испасирајте го.
Ставете го во вангла, па додајте ги другите состојки
Убаво измешајте, не можете да месите затоа што тестото е влажно, лепливо.
Покријте ја ванглата со влажна кујнска крпа и оставете го тестото да одмора 12 сати. Обично се прави навечер, за другиот ден да може да го печите.
На набрашнета површина, истурете го тестото, малку исплескајте го со раце и преклопете го како плик.
На плехот каде што ќе се печи, ставете хартија, доста пченкарно брашно и ставете го лебот. Одозгора убаво набрашнете го. Покријте го со крпа и оставете го 1 и 1/2 сат. Пред да го ставите да се печи, одозгора танко пресечете го со остар нож.
Рерната загрејте ја на 200 степени, а на дното ставете некој мал метален сад со вода, да се создади пареа.
Ставете го плехот со лебот, нека се печи половина час, па отворете ја рерната и свртете го плехот за 180 степени. нека се печи уште дваесетина минути.
Извадете го и ставете го непокриен на решетка да се излади.