Испечати

Видео рецепт: Крокамбуш

Видео рецепт: Крокамбуш

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 1 шолја вода
  • 100 гр. путер
  • малку сол
  • 1 шолја брашно
  • 5 јајца
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • инстант пудинг
  • Ќе ви треба и:
  • малку шеќер

По повод четвртиот роденден на Мои Рецепти, Фичо ќе ни подготви француски десерт, наречен Крокамбуш.

Подготовка

Чекор 1: Во сад на оган ставете ги водата и путерот. Од како ќе зоврие додадете малку сол и брашно. Мешајте додека да добиете меко тесто. Оставете да се олади. Во оладеното тесто додавајте ги јајцата едно по едно. Ставете едно јајца, матете да се впие во тестото, додадете го второто и така со сите јајца.

Чекор 2: Со мала лажичка земајте од тестото и редете во садот за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 12 минути.

Чекор 3: За полнењето растворете го инстант пудингот и наполнете ги профитеролите. доколку сакате можете да ги полните со слаткарски фил.

Чекор 4: На шпорет растопете го шеќерот, но внимавајте да не ви прегори.

Чекор 5: Редете ги профитеролите во вид на конус. Декорирајте ги со карамелот.

Чекор 6: Сервирајте!

СОВЕТ: Доколку сакате за редењето на крокамбушот можете да си направите модла од хамер.