Макало со компир и суви пиперки (посно)
Состојки
- 1 кг компири
- 10-15 суви пиперки (може и везени)
- сол, бибер и масло по вкус
- по потреба/желба лук
Подготовка
По рецепт на другарка ми Верица, велешка стружанка. Вере Ѕвере, фала, убаво се најадовме, мераклиски :)
Компирите излупете ги и исецкајте ги на парчиња. Прелејте ги со вода и ставете ги да се варат.
Сувите пиперки избришете ги со влажна крпа исекцкајте ги на мали парченца и ставете ги во садот да се варат заедно со компирите.
Доколку сакате можете малку да ги потпечете пиперките на рингла или ќумбе, да замирисаат убаво. Кај нас тоа беше изборот.
Кога убаво ќе се сварат испасирајте ги со алатака за компири, вилушка или ставете ги во блендер. Додадете сол и бибер по вукс.
Лукот пројдете го низ преса за лук или исецкајте го ситно и додадете го.
Маслото додавајте го постепено и прилагодете го по ваш вкус.
По ваша желба семките од пиперките можете да ги извадите или да ги оставите. Како и да одлуччите нема да погрешите. Со семки и толчено ќе има порустичен изглед. Ако одлучите да го правите во блендер, не губете време на чистење на семките, нема да се чувствуваат воопшто во смесата.
Јас кога варам компири за пире, секогаш ги преварувам, полесно е после за пасирање.
Толку!
Лесно, брзо, вкусно!
Следниот пат во маслото ќе пропржам малку сусам или дробени оревчиња и ќе додадам на смесата.