Испечати

Вкусна и богата пита

Вкусна и богата пита

Состојки

  • 1кг брашно
  • 80 гр (2 коцки) свеж квасец
  • 400мл топла вода
  • 150мл зејтин
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • фил
  • 700гр урда
  • 180гр кисела павлака
  • 2 јајца
  • 400гр шунка
  • 2 лажици мелени семки од тиква
  • 4 лажици сончоглед
  • 250гр маргарин

Подготовка

Се замесува тесто со стасаниот квасец и убаво се изработува да стане мазно. Тестото се остава да стаса, а за тоа време се подготвува филот.
Урдата се меша со павлаката и јајцата и убаво се разматува да се изедначи. Кон смесата се додава ренданата шунка и семките и сончогледот и убаво се соединува. Сол се додава по вкус во зависност од соленоста на урдата и шунката, но поубаво и повкусно е пецивото ако филот е посолен.

Одкако ќе стаса тестото се дели на 3 дела. Од првиот и вториот дел се прават по 8 корички а од третиот дел само 6. Од 8 кори се прави една цела-секоја коричка се премачкува со маргарин и се редат една врз друга. Последната не се мачка и се сука една кора со големина на плехот во кој ќе се пече.
Се става кората во плехот и се истура половина од филот. Ако е поголема количина тестото е со квасец и ќе го впие филот.
Врз филот се реди втора кора подготвена на ист начин како првата па втората половина од филот и се покрива со кората направена од 6 корички. Целата пита се сече на коцки, се премачкува со јајце, се поросува со ленено семе и одозгора се става од преостанатиот маргарин. Се остава питата да стаса а потоа се пече околу 40 минути на 200степени.
Многу вкусна и богата пита. Обично тестата со квасец го впивуваат филот, но тука има доволно и питата навистина подеднакво е вкусна и топла и ладна