Тегнато со фил од праз и кисела зелка
Состојки
- тесто
- 500гр брашно
- 1/2 лажиче сол
- 30мл масло
- 260мл млака вода
- фил
- 2 страка сецкан праз
- 1 кгр исцедена, исецкана кисела зелка
- маст за пржење, сол, бибер
- масло за попрскување на корите по потреба
- 1 чист чаршаф
Подготовка
Кога ќе ми проработи Прилепскиот инат, тогаш станува опасно...хаха
Решив да тегнам и сама си бев солидно задоволна, иако секогаш може и подобро.
Па еве поголемите мајсторици за тегнење, од мене нека видат до каде сум стигнала.
Прифаќам совети и сугестии.
Прво се замесува тестото.
Не смеее да лепи на рацете.
Се дели на 6 топчиња.
Секое се расплескува со дланка или сукало со големина на мало тајнирче.
Се поставуваат на намастен плех или табла во мојот случај и одозгора се премачкуваат со масло.
Се покриваат со прозирна фолија и нека мируваат 30 минути.
За тоа време се припремаат филовите.
Денес беше спој на пржен праз и пржена кисела зелка. Ситно се сецкаат и се пржат околу 40 минути. Се зачинува по вкус.
Остана од тестото, па нив ги наполнив со урда во која додадов изматено јајце.
Вкусовите беа задоволени.
Сега чаршафот се поставува на масата.
Коричката прво со надлактиците се растегнува и се поставува во средината на масата.
Почнуваме постепено да тегниме, накај краевите од масата. Си фаќаме постепено делче по делче од крајчето, за да ни биде рамномерно.
Ако има тесто во средината не растегнато, ја ставаме намастената рака под него и влечиме.
Оди добро. Се растекнува одприлика колку што е голема масата-1 метар.
Доколку останат мали задебелени крајчиња со секач за пици се отстрануваат.
сега кората се попрскува со масло, се рафрла од приготвениот фил и со помош на чаршафот се завиткува.
Се редат во тепсии за печење.
Пред печење по малку се попрскуваат со масло и се печат околу 30 минути на 180 степени.