Триаголници со сок од мандарини и сок од портокал
Состојки
- тесто
- 2 јајца
- 3 лажици кафен шеќер
- 100мл млеко
- 7 лажици масло
- 120гр брашно
- 1 лажиче пециво
- 1 лажиче какао
- 2 мандарини
- кора и сок од еден портокал, по вкус 1 лажиче кафен еурокрем
- 2 лажици мармалад од кајсии
- глазура
- 30гр путер
- 100гр црно чоколадо
- 1 лажица масло
Подготовка
Декоративни, кревки, сочни триаголничиња.
Потребни ви се 2 силиконски тави на Делимано - четвртаста и округла.
Прво во сад се матат јајцата и шеќерот да побелат.
Се исклучува миксерот и се додаваат млекото, маслото, пецивото, брашното.
Со шпатула се промешува.
Се дели смесата на 2 дела.
Едниот дел се става во четвртаста силиконска тава, мала, а во другиот дел се става просеаното какао и се истура смесата во округла тава бр 22.
Двете заедно одат во рерна на печење околу 7 - 8 минути на 180 степени.
Жолтото тесто се вади на даска за колачи.
Кафеното тесто нека се излади, а потоа се рони со рацете.
Се додаваат сокот од 2 исцедени мандарини, кора и сок од портокал.
По вкус се додава 1 лажиче кафен еуро крем.
Убаво смесата се соединува.
Сега жолтото тесто танко се премачкува со мармалад.
Врз него се става кафената смеса.
Убаво се израмнува со нож.
Над пареа се топат чоколадото, путерот, маслото.
Оваа глазура се нанесува на колачот.
Нека одстои 1 час, па се сече на триаголници.