Шарен Бриош
Состојки
- ТЕсто
- 250 мл. млеко
- 25 гр. нишесте
- 50 гр. маргарин
- 70 гр. шеќер
- рендана кора од 1 портокал
- 375 гр. брашно
- 1 ванила
- 7 гр. свеж квасец или 3,5 гр.сув
- За темната шарка
- 15 гр, какао + 1 лажица млеко
- За светлата шарка
- 5 гр. какао + 1 лажичка млеко
- За залевање
- 100 гр. темно чоколадо
- 30 мл. млеко
- 30 гр. лешници, бадаеми, ореви....
Подготовка
Овој шарен Бриош кружи по интернетот, Леопардов бриош, такво име носи поради шарките. Имам сосема сличен рецепт. Еве го и леопардовиот нека е овде.
Тестото за овој Бриош откако ќе се замеси се остава да одлежи околу 10-12 часа, поради што јас би ви препорачала да го замесите одвечер и наутро да го доспремате или пак рано во денот за да покасно го доспремате. Сум го правела и со одстојување и со нормално стасување на тестото кое само си кажува - има разлика. Престојаното тесто е мноооогу помеко, а не е помалку добро ако се нормално исчекува стасувањето. Вие одберете како ви одговара - така.
Припрема
Во 50 мл. од севкупната количина на млеко, прстовет шеќер, 1 лажица брашно растворете го квасецот и оставете да се запени ако користите свеж. Ако е сув квасецот, тогаш оваа постапка одминете ја- квасецот измешајте го во брашното.
- Нишестето растворете го во ладно млеко, ставете на оган да се вари постојано бркајки го се до неговото згуснување. Тргнете од огнот, додадете го маргаринот и разбркајте да се истиот стопи. Оставете да се добро олади. Кон оладениот крем се додава шеќерот, ванилата, брашното и квасецот - замесете меко тесто. Зависно од самото нишесте, брашното не го истурајте одеднаш, ќе оцените кога е доста (јас секогаш ја користам токму количината која е напишана погоре).
- Сега е моментот да одлучите дали ке го оставите во фрижидер да одстои 10-12 часа или веднаш ќе го спремате. Доколку го спремате веднаш - оставете тестото да стаса.
Понатаму постапката дали со одлежано тесто или веднаш спремано, е иста.
- Стасаното тесто поделете го на два дела. Во едниот дел додадете ја ренданата кора од портокал.
- Вториот дел од тестото поделете го на два еднакви дела. Во едниот дел додадете измешано 15 гр. какао со 1 лажица млеко и месете додека воедначите тестото да ја добие темно кафената боја.
- Исто така постапете и со вториот дел од тестото за да добиете посветло кафена боја месејки го со додадено 5 гр. какао измешано со 1 лажичка млеко.
Секој дел од тестото се дели на 7 еднакви дела. Ќе добиете вкупно 21 делови.
Од светло кафените делови направете фитили. Темно кафените делови расукајте ги во долгнавести мали корички. Исто така направете и од белите делови од тестото.
- Земате од светло кафеното тесто (фитилите). Еден фитил поставете врз расуканата темна кора, преклопете, па вака спремано пренесете го и поставете врз белата кора. Преклопете. Се така направете со сите делови. Ќе добиете 7 дела кои личат на ролатчиња. Поставете ги во модла во големина од 20 х 10 см. редејки еден ред, па врз него друг. Јас ставив на првиот ред 4 (а требаше 3), врз нив 2 и на крај само едно.
- Оставете покриено да стаса и да се наполни модлата, одзема време од околу 1 час за потполно стасување. Печете во претходно загреана рерна од 225 степена и откако ќе го ставите бриошот, веднаш намалете на 170 степени околу 35 мин. Печено извадете да се олади.
- На пареа истопете го чоколадото со млекото, залијте го бриошот со него и посипете со лешник, орев, бадем.. .. јас си додадов и кандирано овошје.
Напомена
За да биде пошарен овој Бриош и да заличи на Леопардови шарки, во оригинал рецептот се препорачува да овие 7 веќе готови замотани ролатчиња се исечат на по 2 дела и да се редат во модлата. Така да навистина изгледа пошарено и многу повисоко. Не знам зошто никогаш не ми се допадна така да печам на половина модла и вака го спремам. Некогаш ќе си дозволам да го замесам дупла доза и тогаш да направам повеке шарки. Не ми пречи што е и вака шарен.
Тоа е.... Многу напишано, а постапката е сосема едноставна...