Школско лепче- skoleboller
Состојки
- Тесто
- 400 гр. брашно
- 50 гр. путер
- 25 гр. свеж квасец
- 50 гр. шеќер
- 350 мл. млеко
- 1 лажичка кардамон или цимет
- За полнење
- 1 жолчка
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка ванила
- 150 гр густин
- 200 мл. млеко
- За шеќерна глазура
- 100 гр. шеќер во прав
- 2-3 лажици вода
- За валкање
- според потребата кокос
Подготовка
Токму овој рецепт е причината за раѓањето на новото пријателство со една членка Зехра... убави ми се сеќавањата, убави се чувствата. Затоа и ми е толку драго што пишувам рецепти. Зехра ми кажа дека ова се Норвешки школски лепчиња...
Постапката
Тесто
- Одвојте од потребната количина млако млеко и во него растворете го квасецот, додајте малку шеќер, лажичка брашно и нека стаса. Измешајте ги останатите суви состојки, додадете го стасаниот квасец, со млекото замесете меко тесто. Домесете со растопен и оладен путер. Оставете да убаво стаса тестото.
- Поделете го на 12 дела, оформете топчиња кои веднаш ги поставувате во тавката во која ќе печете. Покријте со крпа и сочекајте повторно да стасаат.
Додека стасуват топчињата направете го филот за полнење
Фил
- Со жица или миксер изматете ја жолчката со шеќерот, додадете го млекото, ванилата и густинот. Разматете да се раствори густинот и сите состојки да се спојат, ставете на оган и сварете густа крема. Тргнете од огнот и оставете да олади, но покријте или стално размешувајте да не фати филот кора.
Оформување
- Со дното од помала чаша или со рака на секое топче направете отвор, ставете го филот во слаткарска кеса или шприц или наједноставно со лажиче полнете го секој отвор.
- Ставете да се печат на 225 степени 12-15 мин. извадете ги.
За премачкување
- Додека се печат лепчињата, ставете околу 100 гр. шеќер и 2-3 лажици вода, разматете - со четка секое лепче премачкајте го со оваа глазура и веднаш увалкајте во кокос.
Уживајте.
Напомена
- Мошне вкусни - превкусни се, но тоа незначи дека се помалку вкусни и наредниот ден.
- Тестото додека го месите е доста меко, не се загрижувајте, така треба да биде, а откако ќе стаса - ќе се уверите дека е лесно за работа.
-Можете да користите доколку го имате готовиот ванила крем, јас го спремам како што сум напишала. Ќе се прашате што со белката, лесно е - веднаш сремете ги Заборавените слатки - рецептот на ЛиЛиН...