Испечати

Мајонезна салата со кромид

Мајонезна салата со кромид

Состојки

  • 4 варени компири
  • 4 варени јајца
  • 150 гр варен мешан зеленчук (грашок, морков, пченка)
  • 150 гр кашкавал
  • 100 гр шунка
  • 1 главица кромид
  • 300 гр мајонез

Подготовка

1. Компирите и јајцата варени и лупени се сечкаат на коцки
2. Шунката, кашкавалот, кромидот исто така се сечкаат на коцкички
3. Варениот и цеден зеленчук се додава во компирите
4. Сета смеаса се посолува
5. Се додава на крај мајонезот и се меша сето заедно да стане компактна смеса.