Испечати

Зачин за печено свинско месо

Зачин за печено свинско месо

Состојки

  • 1 голема лажица семе од бел синап
  • 1 мала лажица црн бибер во зрно
  • 1/2 мала лажива суво оригано
  • 1/2 мала лажица сува мајчина душичка
  • 1 мала лажица црвен пипер
  • 1/3 сува печена пиперка
  • 3 зрна најгвирц или на англиски allspice

Подготовка

1. Во блендер се ставаат сите зачини и се блендира додека зачините се сомелат и соединат.
2. Добиената смеса од зачини се пресејува и се прибира во стаклен сад.
3. Ако сакате може да се додаде и сув лук и кромид, јас ги додавам свежо изрендани и затоа ги нема во готовиот зачин.