Мантии со фил од кромид и кисела зелка
Состојки
- 600 гр брашно
- 2 лажици масло
- 1 лажица киселина
- 1 лажиче сол
- 350 мл млака вода
- Фил
- 300 гр мелено месо
- 1/2 мала кисела зелка
- 1/2 главица кромид
- зачини сол, бибер
Подготовка
Направете го тестото, во зависност од брашното можеби ќе треба повеќе вода, важно е дека тоа треба да е меко и убаво измесено. Поделете го на 4 пупалиња, малку расучете ги и ставете ги да стојат некаде на топло. Одозгора премачкајте ги со масло.
Додека тестото се одмора, вие направете го филот. Кромидот и расолот ситно исечкајте го. Прво изпржете го кромидот, потоа додајте го меленото месо, па откако и тоа ќе се испржи додајте го расолот. Пржете на потивко додека и тој убаво не се испржи. Зачинете во зависност од соленоста на зелката.
Откако ќе помине најмалку половина час, секое парче тесто на чаршав истегнете го. Краевите исечете ги. Попрскајте го со масло. Ставете од филот по краевите на половината од растегнатата кора. Со чаршавот свиткајте го во ролна. Сечете парчиња, не многу големи, можеби околу 5 цм. Краевите свиткајте ги навнатре и редете ги на тава, намачкана со масло. Почнете со редење од средината.
Одозгора премачкајте ги со мешавина од масло и вода и наросете ги со сусам.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени.